Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мешани чувства на европските пазари денес

Мешани чувства на европските пазари денес
На европската берза денеска најверојатно ќе се набљудуваат мешани инвеститорски расположенија по вчерашното меко обраќање на Џенет Јелен. Во Европа, средбата на министрите за финансии од ЕУ ќе продолжи во текот на целиот ден . На неа ќе се дискутира за создавање на општи правила и мерки за финансирање на банкарските институции во дилема и методи за контрола на нивното ризично однесување . Утврдувањето на мерките ќе нанесе промени во регулативата од 2010 година и ќе претставува чекор кон создавање на банкарска заедница во рамките на ЕУ . Податоците од Европа , кон кои е насочен инвеститорскиот интерес , се трговскиот биланс на Шведска за октомври и податоците за хармонизираниот индекс на потрошувачките цени на месечна и годишна основа за еврозоната околу пладне. Очекувањата за октомври се за дефлација од 0,1 % на месечна основа при инфлација од 0,5 % во изминатиот месец . Во САД денес фокусот е на индексот на ФЕД , Њујорк , за ноември , како и цените на увезената стока во земјата за октомври .
Слично

Поврзани вести