Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Мерцедес„, „БМВ“ и „Ауди“ за звучна изолација користат асфалт?

„Мерцедес„, „БМВ“ и „Ауди“ за звучна изолација користат асфалт?

Кинескиот Центар за контрола на производите отвори истрага откако беше откриено дека во голем број автомобили за нивниот пазар како звучна изолација е користен асфалт, односно битумен што е штетан за здравјето.

Меѓу производителите што се најдоа на удар се и кинеските оддели на „Мерцедес-Бенц“, „БМВ“ и „Ауди“.

Целата работа стигна до медиумите откако возачите се пожалиле на чудниот и интензивен мирис во аутомобилите.

Испарувањата од битумен се сметаат за канцерогени и многу штетни за здравјето.

„Ауди“ и „БМВ“ не дадоа официјални изјави, а од „Мерцедес-Бенц“ стигна соопштение дека битуменот што е користен во автомобилите е поинаков од оној што се користи за асфалтирање на патишта бидејќи е модифициран со полимери.

-Сакаме да ги увериме сите наши клиенти дека ниту еден материјал што е користен во производството на нашите автомобили не е штетан за здравјето, рече претставник на „Мерцедес-Бенц“ за кинескиот весник „Чајна Дејли“

Слично

Поврзани вести