Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерс ја зеде првата жртва во Европа

Мерс ја зеде првата жртва во Европа

Блискоисточниот респираторен синдром (Бирс или Мерс / MERS) се шири во Европа. Првиот смртен случај е регистриран во Германија, објави „Russia Today“.

Епидемијата во Јужна Кореја има земено уште три животи за последните 24 часа. Со тоа бројот на смртни случаи се искачи на 19, објавија „ДПА“, повикувајќи се на последните податоци од властите.

Една од последните жртви билa на возраст од 49 години, тоа е најмладиот човек кој починал за време на најголемата епидемија од MERS надвор од Блискиот Исток.

Најопасниот вирус инфицирал повеќе од 150 лица, а над 5500 се во карантин.

Неколку болници во главниот град Сеул, каде се повеќето од заразените, привремено се затворени итните оддели како превентивна мерка против ширењето на заразата.

MERS почна да се шири во Јужна Кореја, откако првиот случај беше регистриран на 20 мај.

Стотици училишта беа затворени и Владата вети дека ќе обезбеди над 358 милиони долари за фондови за итна помош, за да им помогне на погодените болници.

Слично

Поврзани вести