Мерките за штедење ја натераа британската армија да го намали својот состав
Британската армиија ќе го намали својот состав за уште 20 илјади луѓе, а во исто време, двојно ќе го зголеми бројот на резервистите, во „територијалната армија“, од сегашните 15, на 30 илјади, соопшти денеска британскиот министер за одбрана Филип Хамонд,
Според Хамонд, станува збoр за „радикална реорганизација“ на армиските сили, кога станува збор за резервниот состав за кој британскиот министер смета дека „премногу долго била заборавен и напуштен дел од државната безбедност“. Регуларниот состав на Армијата, од сегашните 102 илјади, ќе се намали на 82 илјади луѓе.
Критичарите на ваквото решение на британската Влада сметаат дека не станува збор за никаква реформа на Армијата, туку за изнудена потреба од штедење и намалување на трошоците за одржување на армиските сили. Поранешниот началник на здружените сили на Велика Британија, генерал Мајк Џексон не се согасува со ваквото решение, тврдејќи дека тоа ќе ја намали воената сила на британската војска.
- Резервистите колку и да изнесува нивниот број, не ќе може да ја заменат регуларната Армија составена од обучени војници, кога за тоа ќе се покаже итна потреба“, изјави пензионираниот генерал Џексон. Британската Влада настојува да најде решение околу компезнирањето на резервистите, кои се вработени, додека тое секоја година се наоѓаат на воена обука во траење од 35 до 40 дена.
Слично
