Меркел: Земјите од ЕУ мора да го следат примерот на Германија
Ангела Меркел изјави дека земјите од Европската унија мора да го следат примерот на Германија во затегнување на буџетот и реформи на пазарот на труд за да може да го вратат економскиот раст.
Додека европските лидери настојуваат да излезат од рецесија и да се изборат со рекордната невработеност, германската канцеларка ги пофали напорите на Германија во задржување на стабилноста на економијата во текот на кризата, наведувајќи дека 17-те членки на евро зоната мора да го задржат рецептот на буџетска дисциплина и унапредување на конкурентноста.
-Од голем интерес за Германија е да направи се’ за да може структурните реформи и буџетската дисциплиона да стапат на сила во другите земји“, изјави Меркел во своето неделно обраќање пред нацијата.
Слично
