Меркел: Затворањето на балканскиот правец не го реши бегалското прашање
Затворањето на т.н. Балкански пат не го реши проблемот со приливот на бегалци во земјите од ЕУ. Ова го изјави германскиот канцелар Ангела Меркел во интервју за весникот „Цајт“.
„Ако вие ме прашувате дали затворањето на балканскиот правец го реши проблемот, тогаш јас јасно ќе да ви кажам дека тоа не е така“, рекла Меркел.
Таа додава дека „навистина во неделите пред потпишувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција во Германија дојдоа помалку бегалци, но затоа 45 000 луѓе дојдоа во Грција“.
Според неа најголема тежина во намалувањето на бегалскиот поток имало токму договорот со Анкара.
Канцеларката исто така не се согласила со мислењето дека германската влада го променила курс на мислење во однос на прифаќањето на мигранти и бегалци.
„Што се однесува до основните принципи, мојата политика останува непроменета“, додава таа.
Меркел исто така изјавила дека во моментов особено внимание треба да се посвети на земјите во Африка, од каде во Европа може да дојде нов бегалска бран.
„Не верувам дека можеме да го решиме проблемот преку максимално игнорирање, оддалечување и отуѓување. Ако сакаме да го следиме интересот на Германија, мора да признаеме дека благосостојбата на Африка е во наш интере“, додаде канцеларката.
