Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел за предизборна кампања ќе потроши 30 милијарди евра, Германците да раѓаат повеќе деца?

Меркел за предизборна кампања ќе потроши 30 милијарди евра, Германците да раѓаат повеќе деца?

Речиси 30 милијарди евра може да чини предизборната програма со која германскиот канцелар Ангела Меркел ќе оди на парламентарните избори во септември, тврди денеска економскиот весник „Ханделсблат“, во обид да ја зголеми својата стратегија, да ги убеди Германците да раѓаат повеќе деца.

Лидерот на конзервативниот Христијан-демократски сојуз „Ангела Меркел ќе се претстави во кампањата со предизборни ветувања во вредност од 28,5 милијарди евра“, наведува весникот.

Планираните мерки биле разгледани на видео конференција со партиски членови оваа седмица.

Дел од сумата - 7,5 милијарди евра, ќе се троши за ветеното намалување на даноци од вкупните приходи за секое дете од едно семејство, појаснува Министерството за финансии. За таа цел детскиот додаток за првите две деца ќе биде зголемен за 35 евра во споредба со сегашното ниво - 184 евра месечно за едно дете.

Христијандемократски сојуз на тој начин се стреми да даде посилна поддршка на семејствата со повеќе деца.

Меркел вети во наредниот мандат да ги зголеми за една милијарда евра годишно инвестициите во инфраструктурата и да се преземат мерки за да обезбедат поевтини домови за населението.

Слично

Поврзани вести