Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел за пандемијата: Да не го прокоцкаме постигнатото

Меркел за пандемијата: Да не го прокоцкаме постигнатото

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска одржа говор во Бундестагот за досегашните резултати на Германија во однос на пандемијата на коронавирусот. Смета дека земјата е се уште на почетокот на пандемијата, поради што упати критики до некои покраини кои почнаа со олабавување на мерките, предупредувајќи дека се уште не се гледа крајот на пандемијата.

- Сега, кога сме во ситуација на борба против корона вирусот, мораме да покажеме голема дисциплина, а тоа ќе ни овозможи подоцна успешно да ја подигнеме економијата и да одржиме прифатлива здравствена ситуација. Мерките кои одлучив да бидат на сила во време на пандемијата значат ставање под контрола ширење на вирусот. Тоа беше примарно кога одлучував за мерките, изјави денеска Меркел во Бундестагот.

Во оваа, насока, продолжи канцеларката, одлуките кои во моментов ги носат властите во некои сојузните покраини за враќање на животот во нормала, се премногу храбри, поради што Меркел изрази загриженост:

-Се што е досега направено да не се ризикува и да се дозволи земјата да оди наназад, изјави Меркел во нејзиното обраќање. 


Слично

Поврзани вести