Меркел: Воведувањето на смртна казна во Турција е неприфатливо
Германскaта канцеларка Ангела Меркел имала телефонски разговор со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за време на кој му укажала за потребата да се раководи од владеењето на правото.
„Канцеларката го повика претседателот да ги поддржува принципите на пропорционалност и законот по повод одговорот на турската држава против обидот за остварување на удар"- изјави прес-секретарот на германската влада Шефен Зајберт.
Меркел му посочила дека воведувањето на смртна казна во Турција не е прифатливо во никој случај.
Претходно Зајберт рече дека враќањето на Турција кон егзекуциите ќе значи крај на преговорите за членство на земјата во ЕУ.
Слична порака до Ердоган испрати и францускиот претседател, Франсоа Оланд кој е против намерата да се врати смртната казна во Турција.
