Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел во трка за нов мандат - ја нарекуваат глобален играч

Меркел во трка за нов мандат - ја нарекуваат глобален играч

Ангела Меркел ќе се кандидира по четврти пат за функцијата сојузен канцелар, соопшти американскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен. 

Медиумите повикувајќи се на претседателот на комисијата на Бундестагот по меѓународни прашања Норберт Ретген, сопартиец на Меркел во Христијанско унија ја пренесоа оваа информација. 

„Ќе се кандидира за функцијата канцелар“- изјави тој за Си-Ен-Ен.

Вели дека Меркел е апсолутно одлична и подготвена да придонесе за јакнење на меѓународниот либерален поредок. 

„Меркел е камен-темелник на политичкиот концепт на Западот, делувајќи како глобален играч“ - изјави Ретген.  

Во одреден период таа се соочи со намален рејтинг, баш поради либералниот однос кон мигрантите, но по извесен период нејзиниот рејтинг почна да оди нагоре. 

Меркел е на власт од 2005-та година. Германија е водечка економија во Европа и тоа може да биде адут за Меркел да добие нов мандат. 



Слично

Поврзани вести