Меркел во судир со Зехофер - исламот е или не е дел од Германија?
Новиот германски министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, денеска изјави дека „исламот не е дел од Германија".
Германија е христијанска земја, вели Зехофер, наведувајќи дека доаѓаат слободни денови и црковни празници.
Изјавата на Зехофер за "Bild" дека "исламот не е дел од Германија" е во спротивност со пораката на поранешниот германски претседател Кристијан Вулф, кој во 2010. година отворил дебата за имиграцијата, велејќи дека "исламот е дел од Германија".
Таа изјава на Вулф, за време на протестите на групата ПЕДИГА во 2015. година, ја повторила и германската канцеларка Ангела Меркел.
„Муслиманите кои живеат кај нас секако дека се дел од Германија. Но, тоа не значи дека поради тоа треба да се откажеме од нашите традиции и обичаи" - вели Зехофер.
Лидерот на Христијанско-социјалната унија најавил одржување на конференција за исламот, за да се расправа за проблемите со интеграцијата на муслиманите.
Германската канцеларка Ангела Меркел го повтори ставот дека муслиманите и нивната религија се дел од Германија, реагирајќи на изјавата на новиот германски министер за внатрешни работи Хорст Зехофер кој го негираше местото на исламот во христијанска Германија.
Германските четири милиони муслимани и припаѓаат на Германија, како што и нивната религија припаѓа на Германија, одговори Меркел.