Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел во Мали: Повеќе инвестиции - помалку мигранти

Меркел во Мали: Повеќе инвестиции - помалку мигранти

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел беше пречекана со воени почести во Мали. 

Таа започна тридневна турнеја во Африка. Целта на нејзината посета е да бара варијанти за стабилизација на регионот со повеќе инвестиции, за да се намали приливот на мигранти кон Европа.

Меркел пристигна вчера во Мали, каде ја започнува турнејата, пренесоа светските агенции. Таа беше поздравена на аеродромот во Бамако со воени почести.

Се очекува канцеларката да се сретне со претседателот,  Ибрахим Бубакар Кеита и со германски војници кои учествуваат во мировната мисија на ОН во земјата.

Меркел е првиот германски канцелар кој ја посетил Мали, каде над 550 германски мировници учествуваат во обидите за стабилизирање на северниот дел на земјата, која падна под контрола на исламистите во 2012 година. 

Таа денеска ќе патува до Нигер, земја  класифицирана како клучна при транзитот на мигранти кон Европа.

Во вторникот Меркел се упатува кон Етиопија, каде што со месеци беснеат антивладини протести во регионот Оромо, а вчера беше прогласена вонредна состојба.





Слично

Поврзани вести