МЕРКЕЛ ВЕТИ: Силите за безбедност во Германија ќе ја заштитат слободата на луѓето
Безбедносните служби во Германија ќе направат се што е можно за да се заштити безбедноста и слободата на сите луѓе во Германија. Тоа го коментира канцеларката на земјата Ангела Меркел во својата прва изјава по синоќешното пукање во трговскиот центар "Олимпија" во Минхен.
Во инцидентот загинаа 9 лица, претежно под 18-годишна возраст, а напаѓачот - 18-годишен Германец од иранско потекло, се самоуби. Според полицијата тој страдал од депресија и се инспирирал од Андерс Брејвик, кој пред неколку години застрела десетици луѓе во Осло .
Пукањето во Минхен е вториот инцидент во Германија за оваа недела. Во понеделникот вечер млад Авганистанец нападна патници во возот на пат Троихтлинген - Вирцбург исто во провинцијата Баварија. Напаѓачот беше застрелан од полицијата при обид да избега, откако претходно рани четири лица.
Меркел коментира дека двата инцидента ги натерале германците да се замислат каде всушност е безбедно за нив. "Луѓето се повеќе загрижени", рече таа, цитирана од агенциите.
Канцеларот коментира дека нејзината земја е во "длабока тага". "Шокирани сме од сликите и сведочењето на сведоците", рече таа.
Денес германскиот кабинет одржа итна средба по инцидентот во Минхен. По средбата канцеларката вети силите за безбедност дека ќе ги откријат мотивите за пукањето.
