Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Веќе треба да го намалиме бројот на мигрантите кои пристигнуваат во Германија

Меркел: Веќе треба да го намалиме бројот на мигрантите кои пристигнуваат во Германија

Во своето обраќање пред Христијанската демократска заедница (ХДЗ) во понеделникот германската канцеларка Ангела Меркел изразила намера за намалување на бегалскиот поток кој доаѓа во Германија.

Канцеларката истакнала дека како водечка економска и политичка сила Германија има „хуманитарен императив“ да прифаќа луѓе кои бегаат од немирите во Сирија. Но откако веќе прифатила околу 1 милион лица, Германија треба „значително да го намали“ бројот на новопристигнатите бегалци.

Од зборовите на Меркел станува јасно дека од страна на бегалците мора да се вложуваат повеќе напори за да бидат интегрирани во германското општество. Освен тоа канцеларката целосно ја отфрли идејата за мултикултурност, која во некои делови на Европа е поврзана со политиката на стимулирање на различни културни групи да живеат во одделни заедници.

„Оние кои бараат азил кај нас, исто така, мора да ги почитуваат нашите закони и традиции, како и да научат да зборуваат германски“, изјавила Меркел. „Мултикултурноста води до паралелни општества, и затоа мултикултурноста останува голема заблуда“.

Претходно овој месец, Меркел беше одредена од списанието „Тајм“ за личност на годината, делумно за нејзината работа и управување со бегалската криза во Европа и за должничката криза на Грција.

Нејзините коментари од понеделникот не се ниту новина, ниту неочекувани, пишува весникот „Хафингтон пост“, и потсетува дека во 2011 година Холандија ја напушти политиката на мултикултурност, која и дозволуваше на одвоени етнички заедници да живеат во земјата без напори за интегрирање. „Пристапот (кон изградба) на мултикултурно општество и за живот рамо до рамо и да се радуваме едни на други ... не успеа, пропадна се“, изјавила тогаш Меркел.

Слично

Поврзани вести