МЕРКЕЛ УЖАСНАТА ОД РАЗОРЕНАТА ОБЛАСТ ОД ПОПЛАВИТЕ: „Шокантно е“, изјави германската канцеларка
Германската канцеларка,
Ангела Меркел, денеска ја посети најпогодената област од разорните поплави.
Беше во рајнската област Пфалц, односно во местото Шулд, по што кусо изјави:
-Шокантно е. Можам да кажам дека во германскиот јазик и нема толку зборови да се опише катастрофата што се случи, рече Меркел.
Таа вети владата ќе соработува со провинциите на западот на Германија погодени од поплавите со цел што побрзо да се обноват разурнатите области. Истивремено вети и дека кон крајот на август повторно ќе ја посети областа.
-Германија е силна земја и ние ќе се спротивставиме на силите на природата на краток рок, но исто така и на среден и на долг рок со обликување на политика што ќе ги земе предвид природата и климата, повеќе отколку што тоа го правевме во последните години“, рече Меркел.
Во неколкудневните најразорни поплави во Германија загинаа речиси 160 луѓе, а екипите уште трагаат по исчезнати.
