Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел успеа да формира влада по месеци на преговори

Меркел успеа да формира влада по месеци на преговори

Германија по месеци на чекање и тензични преговори конечно доби нова влада со која ќе избегне повторно одење на парламентарни избори, а Ангела Меркел си осигура нов мандат како канцелар.

Конзервативниот блок ЦДУ / ЦСУ на германската канцеларка Ангела Меркел и Социјалдемократската партија на Мартин Шулц постигнаа договор за формирање на коалициска влада, соопшти Петер Алтмаер – германскиот министер за финансии и шеф на кабинетот на Меркел, пренесоа Франс прес и АП.

„Имаме коалициски договор“, рече Алтмаер.

Претходно денеска ДПА соопшти, повикувајќи се на информиран извор дека СПД ги добива министерствата за надворешни работи и за труд и социјала. Таа ги имаше овие позиции во претходната влада. Партијата, исто така, го добива Министерството за финансии, министерствата за правда, планирање на семејство и животната средина, додаде Ројтерс.

Агенцијата вели дека Мартин Шулц ќе биде министер за надворешни работи. ДПА додаде дека градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолт од СПД ќе биде новиот министер за финансии.

Христијанско-демократската унија на Меркел ги доби министерствата за економија и одбрана, рече Ројтерс.

Христијанско-социјалната унија го доби Министерството за внатрешни работи. Неговиот водач, Хорст Зехофер, се заложи за прашањето за миграцијата.

Изборите во Германија се одржаа во септември минатата година. Преговорите меѓу Меркел и партијата на Шулц започнаа претходно оваа година.

Коалицискиот договор мора да биде одобрен со референдум од 463.723 членови на СПД. Ова се очекува да се случи во првиот викенд на март, потсетува ДПА.


Слично

Поврзани вести