Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Соборувањето на рускиот авион ја влоши ситуацијата во Сирија

Меркел: Соборувањето на рускиот авион ја влоши ситуацијата во Сирија

Соборувањето на рускиот воен авион од Турција го отежнува процесот за изнаоѓање политичко решение во Сирија и треба да биде направено се што е можно за да се избегне понатамошна ескалација. Ова го изјавила во говорот во Бундестагот германската канцеларка Ангела Меркел, цитирана од агенциите.

„Соборувањето на рускиот авион од Турција ја влоши ситуацијата (во Сирија)“, изјавила Меркел. „Мораме да направиме сé за да избегнеме ескалацијата“.

Таа додала дека секоја земја има право да ја брани својата територија, но од друга страна е познато колку е напната ситуацијата во Сирија и нејзиниот регионот. „Вчера разговарав со турскиот премиер и го повикав да направи сé за ситуацијата не излезе од контрола“, посочила Меркел, цитирана од светските агенции.

Слично

Поврзани вести