Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Со поголема енергија ќе ги спречиме климатските промени

Меркел: Со поголема енергија ќе ги спречиме климатските промени

Германската канцеларка Ангела Меркел е разочарана од одлуката на Доналд Трамп да ја повлече САД од договорот за климатски промени кој беше постигнат во Париз и вети поголем ангажман.

„Договорот е исклучително важен за постигнување на климатските цели до 2030 година. Ние во Германија, Европа и светот, порешително од кога и да е, ќе ги обединиме сите сили за да справиме успешно со големите предизвици за човештвото, како што е промената на климата“, изјави  Меркел.

Лидерката на Германија посочи дека потегот на Трамп нема да допринесе за и други земји да го следат во непочитување на Парискиот договор.

„Ние ќе ги спроведеме нашите обврски од договорот и во поглед на финансирањето на најсиромашните и најранливите земји на светот, поради тоа што тие земји не можат да излезат на крај со предизвиците со кои се соочени“, потенцираше Меркел.

Слично

Поврзани вести