Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел со остри тонови до Путин и Порошенко

Меркел со остри тонови до Путин и Порошенко
Германската канцеларка Ангела Меркел, упати ултиматум до претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко, ќе учествува на самитот на четирите земји посветен на кризата во Украина само доколку постојат шанси да биде остварен реален напредок. Лидерите на Русија, Украина, Германија и Франција работат на организирање состанок во главниот град на Казакстан, Астани, кој е планиран за четврток. Од канцеларијата на германската канцеларка, меѓутоа, како што беше синоќа соопштено се уште не е извесно дали овој состанок ќе биде одржан. Меркел во разговорите со Путин и Порошенко истакнала дека за успех на преговорите неопходно е да се оствари напредок во почитување на примирјето. Секоја точка од мировниот договор, потпишан во септември во Минск, мора да биде исполнета, инсистирала германската канцеларка. Министрите за надворешни работи на Русија, Украина, Германија и Франција утре ќе се сретнат во Берлин со цел да се подготват за најавениот самит во Астани за оживување на мировните преговори во истокот на Украина.  
Слично

Поврзани вести