Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРКЕЛ СО ОСТАР ТОН И КРИТИКИ: Земјите во Европа да ги прифатат мигрантите!

МЕРКЕЛ СО ОСТАР ТОН И КРИТИКИ: Земјите во Европа да ги прифатат мигрантите!

Германскиот канцелар Ангела Меркел ги критикуваше денеска земјите во Европа, кои велат дека нема да прифатат муслимански бегалци.

Во интервју за државната телевизија „А Ер Де“ таа изразила надеж дека земјите од ЕУ ќе постигнат согласност за најтешките прашања поврзани со миграционата криза, од кои едно е како пофер да бидат распределени кандидатите за азил меѓу 28-те членови на Унијата, пренесоа американските медиуми.

Меркел рекла дека секоја страна треба да го даде својот придонес и не ја исклучи можноста на некои од нив да им биде дозволено да примаат помалку имигранти, ако имаат поголем придонес. „Како точно ќе се балансираат работите останува да видиме“, изјавила германската канцеларка. Таа го повтори својот став дека блокирањето на бегалци поради нивната религија е погрешно.

„Она што продолжувам да мислам дека е погрешно, е дека некои велат: Не сакаме муслимани во земјата, без разлика дали се од хуманитарна потреба или не. Ќе продолжиме да дискутираме за тоа“, додаде Меркел.

Таа го дала денешниот коментар по серијата средби иницирани од Берлин, со европските лидери за разјаснување на позициите по бегалската криза и иднината на Европа. На вчершинета разговори во германската престолнина присуствувал и бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој имаше и средба во четири очи со Меркел, јави бТВ. Во истото интервју канцеларката на Германија ги повика граѓаните од турско потекло да не ги пренесуваат во Германија конфликтите од  Турција.

„Наместо тоа оние кои живеат тука со години и веројатно имаат и германско државјанство, нека учествуваат во развојот на земјата и ако го сакаат тоа, ние би ги поздравиле за тоа“, повика Меркел.

Слично

Поврзани вести