Меркел со ново предупредување до Путин
На европскиот конгрес на Христијанско-демократска унија во Берлин, германскиот канцелар Ангела Меркел, ја предупреди Москва на можноста од нови економски санкции, доколку ситуацијата со Украина и натаму ескалира.
- Доколку и натаму се напаѓа територијалниот интегритет на Украина, тогаш ќе мораме да наложиме воведување економски санкции, рече Меркел предупредувајки дека не треба да има сомнение дека Европјаните колку и да се различни, ќе донесат заедничка одлука.
Меркел изрази жалење поради случувањата во Украина и поради тоа што во време на се поинтензивна соработска со Русија победило едно мислење на територијални претензии и тоа само затоа што „луѓето од Украина сакаа договор со Европа“.
Без оглед на се, Меркел смета дека дипломатските напори не смеат да престанат и потенцираше дека таа лично секојдневно се залага за разговори со Русија. Меркел истакна дека правото на посилниот не смее да стои над правото.
Слично
