Меркел шести пат е најмоќна жена на светот
Шести пат по ред германската канцеларка Ангела Меркел е на првото место на листата на најмоќни жени, што ја објавува магазинот „Форбс“.
Листата од 2004 година се составува врз основа на „пари, медиумски интерес и влијание“. На листата на највлијателни жени на светот има 100 жени од 29 земји, а меѓу нив се вбројуваат политичарки, бизнисменки, филантропи. Опфатени се 12 лидери на држави и влади, 32 директорки на големи компании и 11 милијардерки. Најмлада жена на листата е 41 годишната директорка на Јаху Мариса Маер на 55 место, а најстара е британската кралица Елизабета втора која се најде на 29 место. Меркел досега вкупно 11 пати била највлијателна жена според Форбс.
Слично
