Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел сериозно ќе исчекори кон истополови бракови

Меркел сериозно ќе исчекори кон истополови бракови

Ангела Меркел може да биде првиот германски канцелар кој ќе биде заслужен за легализација на истополовите бракови што ќе биде драстична промена од курсот на нејзината конзервативна демо-христијанска партија ЦДУ. 

На три месеци пред парламентарните избори во Германија, канцералката Ангела Меркел пред кандидирањето за четвртиот мандат ќе се обиде да им „побегне“ на левичарските и либералните партии кои вообичаено се залагаат за поголеми права на ЛГБТИ заедницата.

Бундестагот треба утре да го изгласа овој закон, а за тоа ќе бидат потребни гласови од поширокото мнозинство на пратеници од нејзината партија.

Во интервју за женскиот неделник “Бригит”, Меркел изјави дека пратениците би требало да гласаат во согласност со нивната совест. Или во превод – таа им порача на пратениците од нејзината ЦДУ партија, но и од другите партии, да ја напуштат партиската дисциплина во гласањето и да гласаат според нивниот сопствен став.

Во 2013 година владеачката коалиција го исклучи легализирањето на хомосексуалниот брак. Идејата на Меркел беше да го одложи овој закон по изборите кои се одржуваат во септември. Но, лидерот на социјалистичката опозиција Мартин Шулц најави дека неговата партијата ќе гласа за овој закон заедно со партијата на зелените и левата партија Ди Линке.


Слично

Поврзани вести