Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРКЕЛ СЕ ЗАКАНИ: Терористите нема да се извлечат, миграционата политика продолжува!

МЕРКЕЛ СЕ ЗАКАНИ: Терористите нема да се извлечат, миграционата политика продолжува!

Терористичката закана, мигрантската криза и реакцијата на турските власти кон превратот беа теми на денешната прес-конференција на германската канцеларка Ангела Меркел.

Владата на Германија ќе стори сé за да ги пронајде и привлече кон одговорност организаторите на нападите однеодамна во Европа и Германија, увери таа, цитирана од агенциите.

Според неа властите ќе разговараат за ова прашање каде може да се воведат дополнителни мерки за безбедност. Терористите "сеат страв и омраза меѓу културите и религиите. Не го прифаќаме тоа", посочи канцеларката, додавајќи дека цивилизациското општество мора да се брани со вредности, и со својот морал.

"Убијците сакаа да го поткопаат нашето чувство за заедница, нашата отвореност и нашата желба да им помагаме на луѓето во потреба", истакна канцеларката.

Германија ќе се соочи со миграционата криза, и покрај последните терористички напади во земјата и Европа, изјави канцеларката Ангела Меркел.

Таа категорично ги отфрли повиците за промена на политиката на гостопримство кон бегалците. Во август минатата година, кога беше кулминација на миграциониот бран, таа произнесе фраза, која стана синоним: "Ние ќе се справиме со тоа". "Денес, како и тогаш, јас сум убедена дека ќе може да се справиме со оваа историска задача - станува збор за предизвик од историски размери во време на глобализацијата. Ние ќе се справиме со тоа. И во изминатите 11 месеци ние веќе направивме премногу ", истакна шефот на германската влада.

Минатата недела во земјата имаше терористички настани извршени од бегалци. Меркел го прекина одморот за да комуницира со медиумите поради овие напади. Таа сепак го избегна прашањето дали повторно ќе се кандидира за канцелар. Шефицата на владата во Берлин ја повика Турција да го почитува "принципот на сразмерност" по обидот за преврат, а одговорот спрема превратниците треба да биде соодветен. "Во една правна држава има принцип на сразмерност, овој принцип треба да се почитува во сите околности", истакна таа. Според неа овој принцип можеби "не секогаш стои во центарот и зборувала за тоа со турскиот претседател Реџеп Ердоган". Ова е важно со оглед на фактот дека во Германија живеат три милиони луѓе со турски корени, појасни канцеларката.

Слично

Поврзани вести