Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел се закани: Нашата слобода е посилна! Терористи, ќе ја браниме со сета сила!

Меркел се закани: Нашата слобода е посилна! Терористи, ќе ја браниме со сета сила!

Германската канцеларка Ангела Меркел и се обрати на јавноста и ги коментираше нападите во Париз. На народот во Франција му порача дека Германија сочуствува со нив и дека стои до нив.

„Луѓето кои синоќа настрадаа сакаа само слободно да живеат во слободниот град. Наместо тоа се убиени. Оние кои тоа го направија, ја мразат слободата. Овој напад на слобода не го погоди само Париз, сите мораме да одговориме на него“, рекла Меркел.

Германската влада е во постојан контакт со француската Влада и нуди соработка и помош во истрагата против терористите.

„Сакаме да бидеме јасни. Ние Европејците живееме за пријателстви, почит еден кон друг, толеранција. Знаеме дека нашата слобода е посилна од секој терор. На терористите им порачувам дека ова се европски вредности и дека ќе ги браниме посилно, како никогаш досега“, рекла Меркел.

Од светот и понатаму стигаат осуди за нападите во Париз во кои според најнови податоци се убиени над 150лица.

Меркел исто така објави дека за денеска свикала кризен министерски состанок. „Ќе се состанеме во текот на денот со министрите како би го разгледале развојот на настани во Франција и сите прашање поврзани со тоа“, рекла таа.

Слично

Поврзани вести