Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел се сети - воведува ограничување за бегалците

Меркел се сети - воведува ограничување за бегалците

Канцеларката, Ангела Меркел е подготвена да дискутира за конкретна бројка.

Владејачките германски партии се блиску до донесување на одлука за воведување на лимит за прием на бегалци, пишува во неделното издание  на Die Welt. 

ХДЗ, чиј лидер е канцеларката Ангела Меркел е подготвена да дискутира за конкретна бројка, која би одговарала на интересите на земјата. 

„Има единство за клучните прашања меѓу партиите“ - изјави генералниот секретар на ХДЗ Петер Таубер, цитиран од весникот.

Претходно Меркел изјави дека воведувањето на ограничување нема да го реши проблемот со миграцијата.

„Статистички лимит нема да го реши проблемот, треба да работиме на тоа да пристигнуваат помалку луѓе, да имаат поголеми шанси во сопствената татковина"- изјави таа пред неколку недели.

Во почетокот на септември, премиерот на Баварија и претседател на ЦСУ Хорст Зехофер предупреди дека може да се откаже од поддржуваме на канцеларката во предизборната трка, ако таа не прифати воведувањето на ограничување за прием на бегалци.


Слично

Поврзани вести