МЕРКЕЛ СЕ РАДУВА НА ПЕНЗИОНЕРСКИТЕ ДЕНОВИ: Ќе читам и ќе патувам и ќе уживам во слободното време
Ангела Меркел,
долгогодишната Канцеларка на Германија, која е во заминување, со радост го
очекува пензионирањето. Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ таа изјави дека по 16 години на власт сега
со нетрпение очекува да посвети повеќе време на некои работи кои морала да ги
запостави заради функцијата.
За весникот нагласи дека сака да патува или малку да чита, или едноставно да ужива во слободното време знаејќи дека не може да се случи никаков можен пресврт во следните 20 минути.
„Можам со добро чувство да кажам дека е правилно некој друг да го преземе водството“, изјави Ангела Меркел.Благодарна сум што имав можност да ѝ служам на земјата и со задоволство гледам на тој навистина долг и на моменти сложен период. Подоцна можеби ќе ми дојде малку меланхолија, рече Меркел за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Канцеларката во заминување, 67-годишната Ангела Меркел ја водеше Германија од 2005 година кога застана на чело на државата, а во текот на нејзиното владеење Европа мина низ повеќе кризи, вклучително и глобалната финансиска криза, мигрантската криза и во последниве скоро две години и пандемијата на корона вирусот.
