Меркел се повлекува чекор назад-Повеќе нема да ја користи фразата „Ние ќе се справиме“
Канцеларот на Германија Ангела Меркел веќе не сака да ја користи познатата фраза „Ние ќе се справиме“за бегалскиот прилив.
Таа ги произнесе овие зборови во екот на бегалската криза пред околу една година. Во интервју за весникот "Вирчафтсвохе" канцеларката рекла: "Оваа фраза е дел од мојата политичка работа, бидејќи сум уверена дека сме силна земја која и од оваа фаза ќе излезе уште посилна. Но понекогаш ми се чини дека во неа се слуша премногу, затоа би сакала повеќе да не го користам тој израз, бидејќи таа стана еден вид мото, една речиси празна фраза“.
Тоа Меркел го изјавува во пресрет на локалните избори утре во Берлин. Според социолозите на нив Демохристијанската унија (ЦДУ) на Меркел може да добие најмногу околу 20% и ќе остане на третото место.
Ова може да нанесе уште еден удар врз популарноста на владејачката коалиција и на самиот канцелар по неодамнешниот пораз на партијата на Меркел во нејзината родна покраина Мекленбург-Западна Померанија. Таму ХДЗ отстапи на трето место по десната „Алтернатива за Германија“.
За првпат Меркел ќе кажа фразата „Ние ќе се справиме“за ситуацијата со бегалската криза на митинг во август 2015 година.
