Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел се надева на нова влада на пролет

Меркел се надева на нова влада на пролет

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека се надева оти новата влада ќе може да биде составена до Велигден, пишуваат светските медиуми.

Во својот изборен округ во Тринвилерсхаген, во североисточната провинција Мекленбург-Западна Померанија синоќа по маратонските разговори меѓу нејзиниот блок ХДЗ / ЦСУ и социјалдемократите за тоа дали да влезат во официјални преговори за коалицирање, Меркел ги нарече "првиот чекор во еден долг процес".

Според неа, повеќе проблеми ќе треба да се решат на европско ниво. Многу проблеми имаат потреба од меѓународни, европски решенија, додаде таа, наведувајќи ги како примери односите со САД и Кина и еколошките проблеми.

По 24-часовни преговори во Германија стана јасно дека лидерите на двете партии - социјалдемократите и конзервативците - планираат да управуваат заедно и да создадат широка коалиција. Конечниот договор е објавен во документ од 28 страници.

На 21 јануари, мора да се потврди принципот на Коалицијата на вонредниот конгрес на социјалдемократите.

Слично

Поврзани вести