Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРКЕЛ СЕ ЈАВИ: Ќе ја дисциплинира Русија или Украина?

МЕРКЕЛ СЕ ЈАВИ: Ќе ја дисциплинира Русија или Украина?

Германската канцеларка, Aнгела Меркел повика на дијалог меѓу Украина и Русија.

Меркел за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Петро Порошенко, изразила загриженост за ситуацијата во Украина. Таа рекла дека е потребен дијалог и дека не смее да се дозволи ситуацијата да ескалира.

Русија ги игнорира повиците на западните земји за ослободување на запленетите три украински поморски бродови. Кабинетот на Порошенко информирапе дека претседателот ѝ рекол на Меркел дека ќе вложи напори прашањето да се реши. 

Украинскиот претседател Петро Порошенко информираше дека на Врховната рада (Парламентот) ќе му предложи најавената воена состојба во земјата да трае 30 наместо претходно предвидените 60 дена.

Одлуката ја донел после консултации со претставници на политичките партии и со цел планираните претседателски избори во Украина непречено да се одржат во одредениот рок.

Руски бродови на крајбрежната стража синоќа пукаа кон група бродови на украинската морнарица. Пред тоа, во неделата наутро, „Јани Капи“ беше удрен од руски крајбрежен брод, додека украинските бродови го вршеле планираниот пренос од пристаништето Одеса до пристаништето Мариупол во Азовско Море.

Слично

Поврзани вести