Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Санкциите за Русија остануваат да важат

Меркел: Санкциите за Русија остануваат да важат
Германската канцеларка, Ангела Меркел, рекла не за укинување на санкциите за Русија. Таа навела дека „анексијата на Крим“ и она што се случува во Источна Украина е повреда на меѓународното право и на заедничките вредности. „Според сегашната состојба, санкциите и понатаму остануваат на сила“, рекла Меркел во интервју за „Frankfurter algemajne cajtung" и додала дека санкциите не се цел сами по себе, како и дека причините поради кои тие се воведени се уште не се отстранети. „Дури откако ќе се случи тоа, може да се разговара за укинување на санкциите“, рекла Меркел и додала дека тие, според сегашната ситуација, и понатаму остануваат на сила. Укажувајќи дека „анексијата на Крим“ и ситуацијата во Источна Украина е повреда на меѓународното право и на заедничките вредности, Меркел истакнала дека економската дестабилизација на Русија не е, меѓутоа, во интерес на Германија. „Русија има во рака можност да направи санкциите да станат непотребни“, истакнала Меркел и на критичарите во германската економија им порачала дека, исто така, во интерес на економијата треба јасно да се каже дека „човек мора да реагира, доколку  заедничото разбирање за територијалниот интегритет веќе не се почитува од сите страни“. Таа оценила дека и економскиот успех зависи од почитувањето на дадените услови.
Слично

Поврзани вести