Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Санкциите кон Русија можат да ја погодат германската економија

Меркел: Санкциите кон Русија можат да ја погодат германската економија
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска рекла дека понатамошните санкции кон Москва можат да ја погодат германската економија, но истовремено предупреди дека толерирањето на „московската агресија во Украина“ не е опција. -Јас реков дека санкциите можат да имаат влијание за греманските компании - рекла Меркел пред новинарите во Берлин. Како што пренесуваат медиумите, таа предупредила дека, исто така, има влијание ако се дозволи границите во Европа да ги поместуваат и напаѓаат други земји. Меркел додава дека прифаќањето на руското однесување не е опција и дека поради тоа е потребно да се подготват и понатамошни санкции кон Москва.

Слично

Поврзани вести