Меркел сака бегалците да се интегрираат на пазарот на трудот
Германија има потреба од „сигурни решенија" за побрзо интегрирање на бегалците на пазарот на трудот, изјави канцеларката Ангела Меркел по средбата со лидерите на водечките германски компании.
Таа сепак призна дека за тоа ќе биде потребно време.
Од компаниите не се оптимисти. Бегалците не го знаат јазикот и немаат квалификации.
Меркел, која е критикувана за политиката на отворени врати, ги свика во Берлин шефовите на највлијателните компании за да разменат идеи како може да се справат подобро со ситуацијата.
Многу од компаниите наведуваат дека незнаењето на германски, неможноста бегалците да ги докажат квалификациите и несигурноста околу дозволата за престој во земјата, значи дека нема шанси фирмите да направат нешто повеќе во блиска иднина.
Анкета на Ројтерс меѓу 30 компании на германскиот берзански индекс DAX потврди дека се вработени само 63 бегалци.
