Меркел – Ренци: Mигрантите кои немаат право на азил да бидат вратени дома
Премиерот на Италија, Матео Ренци и германската канцеларка, Ангела Меркел се согласија вчера да ги зајакнат напорите за мигрантите кои немаат право на азил во Европа да бидат вратени во земјите од каде потекнуваат.
Меркел вели дека не можат сите мигранти да останат во Европа.
„И Италија го има истиот проблем, значи имаме заедничка агенда. Оние кои немаат право да останат, мораат да бидат вратени во земјите од каде потекнуваат. Важно е да постигнеме договор со земјите од каде потекнуваат мигрантите“ - рече таа.
Објасни дека би требало да се употребат економските влијанија со цел оние кои планираат да мигрираат да останат во нивните земји.
Таа укажа на договорот кој ЕУ и Турција го потпишаа во март, со цел да се запре приливот на мигранти во Европа, како пример како соработката може да помогне во спречувањето на илегалната миграција.
За Ренци е незамисливо дека сите мигранти можат да бидат примени во Европа.
Околу прифаќањето на мигрантите во Европа се заострува реториката по серијата напади.
