Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРКЕЛ РАБОТИ ОД ДОМА: Таа направи тест за коронавирус

МЕРКЕЛ РАБОТИ ОД ДОМА: Таа направи тест за коронавирус

Првиот тест на германската канцеларка, Ангела Меркел е негативен на коронавирус. 

Нејзиниот портпарол Штефен Сијберт вели дека таа е добро и останува во самонаметнатиот карантин чекајќи понатамошно тестирање.  Меркел реши да се самоизолира откако вчера дознала дека лекарот што ја вакцинирал минатиот петок е заразен. 

„Резултатот од денешниот тест е негативен“, изјави нејзиниот портпарол за новинската агенција ДПА.

Тој вели дека во наредните денови ќе има и понатамошни тестови, бидејќи првичниот тест во толку рана фаза можеби не е конечен. Меркел до тогаш останува да работи од дома.

„Ангела Меркел е здрава, но работи од дома“, изјави денеска вицеканцеларот Олаф Шолц.

И Германија има раст на бројот на заразени. 

Слично

Поврзани вести