МЕРКЕЛ: Путин се обидува да ги направи зависни земјите од Балканот!
Русија се обидува да ги направи земјите од западниот Балкан економски и политички зависни од Москва, обвинува германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за весникот „Велт ам Сонтаг“.
Според Меркел, рускиот претседаттел Владимир Путин се обидува да го зголеми своето влијание на Балканот, па дури и „се меша во внатрешните работи на одредени земји кои сакаат да имаат поблиски врски со Европската унија“.
Во интервјуто, германската канцеларка обвинува дека Москва врши притисок и врз други земји кои се заинтересирани за унапредување на соработката со Брисел, како што се Молдавија, Грузија и Украина, кои донеле суверени одлуки да потишат спогодби за асоцијација со ЕУ.
Русија, на пример, изрази незадоволство со проевропскиот курс на Молдавија, така што го забрани увозот на молдавско вино, зеленчук и месо. Притисокот врз Грузија, пак, се прави со потпишување договор за соработка со Абхазија, регион кој бара отцепување од оваа земја, смета Меркел.
Слично
