МЕРКЕЛ, ПУТИН И МАКРОН: На која земја и ја кројат судбината?
Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател, Владимир Путин, денеска остварија телефонски разговор.
Тие зборувале дека треба да се изврши максимален притисок врз сириската Влада со цел да се прекинат нападите во Источна Гута.
Оваа информација ја соопшти портпаролот на германската Влада.
Меркел и Макрон му дале јасно до знаење на Путин дека прекинот на огнот е основа која е неопходна за воспоставување на политичко решение во рамките на преговорите кои ги водат ОН во Женевскиот процес.
Кремљ соопшти дека при разговорот е разгледана резолуцијата за 30-дневното примирје во Сирија, што синоќа ја усвои Советото за безбедност на ОН.
Анкара денеска наведе дека примирјето не се однесува на нивната антитерористичка операција во регионот на Африн.
