МЕРКЕЛ ПРИЗНА: Проблемот со мигрантите го потценувавме предолго …
Германија нема да ги измени своите вредности заради миграциската криза и проблемите со интеграцијата на бегалците. Тоа го изјавила канцеларката Ангела Меркел во интервју за весникот „Süddeutsche Zeitung“.
„Германија ќе остане Германија во сè што е блиско и скапо за нас“, вели таа. Според неа вредностите и принципите според кои живее земјата, нема да се променат.
„Тие наоѓаат одраз во нашата либералност, нашата демократија, нашата правна држава и нашата сеопфатна приврзаност кон социјалната пазарна економија, која благодарение на својата економска сила ги поддржува најслабите“, истакна Меркел.
На крајот на јули во Германија имаше два терористички акти извршени од странци за кои одговорност презеде „Исламска држава3. Меркел признава пред минхенскиот весник дека стравувањата на Германците по тој повод се „целосно разбирливи“, но изразува несогласување со тврдењето дека мигрантите го донеле теророт во Федералната република.
Интервјуто е дадено во период на пад на рејтингот на Ангела Меркел и на неизвесноста дали ќе се кандидира за нов мандат. Засега таа одбива да објави дали ќе се кандидира на изборите во 2017 година.
Пред „Süddeutsche Zeitung“ Ангела Меркел признава дека Германија го потценувала предолго проблемот со миграцијата и ја блокирала потребата од изнаоѓање на европска одлука, соопшти Ројтерс.
Според агенцијата овој необичен самокритичен коментар е поврзан со првата годишнина од нејзината позната последователна фраза „Wir schaffen das“ (Ќе се справиме), кога беше запрашана за бранот од бегалци.
За весникот Меркел вели дека Германија, која минатата година усвои над еден милион мигранти, ја оставила Шпанија и другите гранични држави во ЕУ да се справат сами со бегалците. „Тогаш ние ја отфрливме пропорционалната распределба на бегалците“, забележува таа и додава: „Ние не го опфативме проблемот правилно“.
