Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел пречекана со свирежи од активистите против мигрантите

Меркел пречекана со свирежи од активистите против мигрантите

Германскиат канцеларка Ангела Меркел имаше непријатности на изборниот митинг во Гелнхаузен каде активисти против мигрантите и проврзаници на партијата Алтернатива за Германија ја исвиркуваа додека држеше говор.

Група од околу 100 поддржувачи на антиимигрантската партија извикуваа: “Меркел треба да си оди”. 

Меркел во својот фокус ги има политиката за бегалците, економијата, безбедноста и скандалот со дизел моторите за нарушениот углед на германската автомобилска индустрија.

По повод скандирањата на поддржувачите на Алтернатива за Германија Меркел, рече дека демократијата им овозможува на луѓето да изразат несогласување, но додаде дека понекогаш не е лошо луѓето да слушаат што се зборува. Меркел рече дека Германија не може да си дозволи повторно година како 2015 година, кога стотици илјади мигранти влегоа на нејзина територија.


Слично

Поврзани вести