Меркел повикува на задржување на санкциите против Русија, но и за дијалог со Путин
Германскиот канцелар Ангела Меркел повика на задржување на санкциите против Русија во врска со ситуацијата во Украина, но призна дека е потребно да се бараат патишта за дипломатски дијалог, соопштува РИА „Новости“.
Освен тоа канцеларката, која е во посета на Јапонија, инсистираше за реформи во Советот за безбедност на ОН.
Денеска Меркел ќе разговара со премиерот на Јапонија Шинзо Абе. Се очекува да бидат разгледани прашања во врска со партнерството во рамките на Г-7, ситуацијата во Украина, мерки против тероризмот, реформи во Советот за безбедност на ОН, заедничка активност за регионалните прашања во Источна Азија и на Блискиот Исток.
Тие ќе разговараат и за можностите за германско-јапонска соработка во рамките на Г-7, кои ја зафаќаат Русија во врска со ситуацијата во Украина.
Според јапонски набљудувачи, позициите на Берлин и на Токио се блиски заради стремежот на Германија и на Јапонија да останат членки на Г-7 и истовремено да избегнат остро противење со Русија.
Тесни економски врски и таканаречената Енергетска зависност ја поврзуваат Германија со Руската Федерација, а Јапонија не сака да си расипува односите со Русија заради потребата од склучување на мировен договор (по крајот на Втората светска војна) и решавање на територијалниот проблем.
