Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел повика на итно прекинување на огнот во Украина

Меркел повика на итно прекинување на огнот во Украина

Германската канцеларка Ангела Меркел повика на итно прекинување на огнот во Украина, после „трагедијата“ со авионот Малезија Ерлаинс во која загинаа околу 300 лица.

„Потребно е да се покрене независна истрага и тоа што е можно порано“, рече Меркел на новинарите во Берлин. Таа додаде дека затоа „прекинот на огнот е неопходен, како и дека е од суштинско значење на одговорните за оваа несреќа да им се суди“.

Меркел кажа дека има „бројни показатели дека авионот е соборен“ и оцени дека од таа причина несреќата „мора да се разгледа многу сериозно“ и да се постигне „примирје и политичко решавање на кризата“ во разговорот со рускиот претседател Владимир Путин.

„Не гледам друго решение освен за тоа да се разговара со рускиот претседател“, изјавила Меркел, објаснувајќи дека иако имаат различно мислење за Москва, тие би требало да бидат преминати.

Слично

Поврзани вести