Меркел попушти: Ќе може и со 63 години во пензија
Германската канцеларка Ангела Меркел го поддржа планот со кој на одредени граѓани ќе им се овозможи да добиваат целосна пензија дури и ако престанат со работа на 63 години.
Иако нејзините политички сојузници оценија дека со прифаќање на овој план Меркел испраќа погрешна порака до државите од кои бара да спроведуваат тешки реформи, таа сепак нагласи дека ќе продолжи да се залага за структурни промени во другите земји.
Германија постепено го зголемува прагот за заминување во пензија на 67 од 65 години, но на инсистирање на коалиционите партнери од левицата, Владата на Ангела Меркел прифати без финансиски загуби да дозволи пензионирање на луѓето и на 63 години, ако имале работен стаж и уплаќале пензиско осигурување 45 години.
Сепак, канцеларката нагласува оти Владата не се откажува од планот за зголемување на старосната граница за пензионирање.
Слично
