Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел побара целосна забрана на бурка во Германија

Меркел побара целосна забрана на бурка во Германија

Германската канцеларка, Ангела Меркел се изјасни за забрана на бурка во земјата, каде што тоа е можно по законски пат, пренесува „Индипендент".

Во своето обраќање пред сопартијците од Христијанската унија канцеларката се заложи за целосна забрана за покривање целосно на лицето. 

„Покривање целосно на лицето со превез треба да биде забрането, каде тоа е можно според законот"- рече таа во Есен.

Во април министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер, кој е меѓу најблиските сојузници на канцеларката,  исто застана зад ставот на Меркел.  Таа  се кандидира за четврти мандат како лидер на партијата, и додаде дека бегалската криза не треба никогаш да се повтори.


Слично

Поврзани вести