Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРКЕЛ ПО 100 ДЕНА ЈА ОСУДИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

МЕРКЕЛ ПО 100 ДЕНА ЈА ОСУДИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во својот прв јавен говор годинава ја поддржа работата на германската влада, како и одлуките на ЕУ, САД, НАТО и други, со цел „да се стави крај на варварската војна“ во Украина.

- Мојата солидарност оди кон Украина, која беше нападната од Русија, и го поддржувам нивното право на самоодбрана - рече Меркел во Берлин, која поднесе оставка на крајот на 2021 година.

Таа претходно беше критикувана дека се обидела да соработува со рускиот претседател Владимир Путин за време на нејзиниот 16-годишен мандат, особено поради тоа што се согласила за гасоводот Северен тек 2, јавува Би-Би-Си, пренесува „Н1“.

Тој проект конечно беше запрен од нејзиниот наследник Олаф Шолц, два дена пред почетокот на руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари.

Слично

Поврзани вести