Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел оствари нова средба со Камерон

Меркел оствари нова средба со Камерон
Велика Британија доби предупредување од Германскиот канцелар Ангела Меркел да не излегува од Европската унија. Таа го повика британскиот премиер Дејвид Камерон да работи заедно со неа со цел да не се дозволи преговорите за буџетот на ЕУ за периодот 2014-2020 година да отидат во погрешен правец. Во обид да ги надминат несогласувањата Меркел и Камерон се сретнале синоќа на работна вечера во Лондон каде разговарале за  следната буџетска рамка на ЕУ со вкупна вредност од околу еден билион евра. Британскиот премиер ги означи претходно плановите за зголемување на буџетот како апсурдни. Тој се закани дека ќе стави вето на секоја спогодба, која не е во интерес на неговата земја и даде на знаење дека ќе настојува за замрзнување на буџетот во реална вредност. Меркел, која во принцип за залага за зголемување на буџетот, одби да прецизира дали ќе се согласи со британските барања. Во исто време таа нагласи дека Германија и Велика Британија, како големи придоинесувачи во буџетот на ЕУ, имаат многу заеднички интереси. Германската канцеларка претходно во Европскиот парламент во Брисел истакна дека Велика Британија е неопходен дел од ЕУ, но додаде дека таа самата ќе загуби доколку ја напушти.
Слично

Поврзани вести