Меркел од Африка ќе го спречува бранот на мигранти
Германската канцеларка Ангела Меркел ќе одржи тридневна турнеја низ африканските земјите Нигер, Мали и Етиопија со цел да им пренесе на политичките лидери пораки за поддршка на нивната економија. Доколку овие критични региони остварат поголем економски раст, стабилни социјални политики и се отворат работни места, тогаш сигурно и протокот на мигранти кон Европа и целиот притисок кој се создава со хуманитарните состојби ќе се намали.
- Само државната поддршка нема да биде доволна за да даде поттик за развојот на еден цел континент, потребен е нов план за приватни инвестиции во Африка, развој на ветската програма за храна на Обединетите нации и локални проекти изјави Меркел.
Во Германија минатата година пристигнале 890 илјади мигранти, при што многу од нив избегале од воени конфликти во Сирија и Авганистан, но и од економските потешкотии со кои се соочуваат во Африка.
