Економија, финансии, бизнис

Контакт

MEРКЕЛ: Oчекувавме подобро, но сега имаме една важна задача

MEРКЕЛ: Oчекувавме подобро, но сега имаме една важна задача

Германската канцеларка Ангела Меркел се огласи вечерва при што рече дека очекувале подобри резултати, но ќе го слушаат гласот на своите избирачи. 

„Се надевавме на подобри резултати, но не смееме да заборавиме, гледајќи ги наназад предизвиците, сепак ги постигнавме нашите стратешки цели, ние сме најсилна партија. Имаме мандат да формираме нова Влада, и ќе ја формираме“ - вели таа. 

Додава дека нејзината партија 12 години била одговорна за државата и дека не се подразбирало дека пак ќе биде најмоќна партија. 

Меркел вели дека мора да ги вратат и старите гласачи на АФД, и дека ќе се борат за правда и за слободна земја. 

Рече дека со другите земји од ЕУ ќе се борат против причините за миграцијата и нелегалната имиграција. 

Слично

Поврзани вести