Меркел нема да ја пушти армијата на улиците низ Германија
Германската канцеларка Ангела Меркел ја исклучи можноста на улиците на германските градови да бидат пуштени војниците, пренесоа агенциите.
Помеѓу германските покраини во последно време се разгоре дебата дали треба да се прибегне кон армијата во случај на терористички напад на германска територија.
„Мерките за безбедност ќе останат какви што се во моментов“, изјавила Меркел во неделното видео-обраќање.
„Одговорностите на јавната администрација ќе бидат реализирани од федералната полиција во Германија“, додала канцеларката.
Таа соопштила дека идната година во Американската сојузна држава Илиониос бројот на полицијата ќе биде зголемен со илјадници нови полицајци, вработени и опрема ќе добијат и други сили за безбедност.
Меркел го потврди ставот на повеќето членови на Владата, вклучувајќи го и на министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер дека полицијата ќе успее и сама да се справи со евентуални закани.
