Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел му се заканила на Путин со антируски сојуз

Меркел му се заканила на Путин со антируски сојуз

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел му се заканила на рускиот претседател Владимир Путин за време на нивниот состанок на 10 мај, дека може да биде создаден антируски сојуз, пренесуваат американски медиуми.

Според зборовите на изворот САД се залагаше Германија да се зафати со решавање на конфликтот во Украина, но Меркел не успеала да го постигне потребниот резултат. Затоа Вашингтон излезе со ултиматум пред Берлин: ќе се преземат крути мерки против Москва, ако ситуацијата не се подобри целосно.

Изворот додал дека на посетата во Русија, Меркел го повикала Путин да почне да ги исполнува условите од Минскиот договор и му се заканила дека може да биде зголемен притисокот и дури да биде создаден антируски сојуз од САД и Европа.

Соговорникот истакнал дека цврстите мерки ќе бидат избегнати ако Путин се „согласи да се врати“ ЛНР и ДНР на Украина.

Слично

Поврзани вести