Меркел: Можни нови санкции против Русија, доколку договорот не се почитува
Европската унија би можела да воведе нови санкции кон Русија доколку договорот за прекин на огнот помеѓу украинските и проруските сили на истокот од Украина, постигнат вчера во Минск, не биде целосно почитуван, изјавила по завршување на самитот на ЕУ во Брисел германската канцеларка Ангела Меркел.
Таа на конференцијата за новинарите после вчерашниот самит истакна дека лидерите на ЕУ побарале од Европската комисија да примени нови санкции против Русија, во случај ако не се почитува примирјето, пренесува Ројтерс.
„Држиме отворена можност, ако новиот договор не биде применет, ќе мора да превземеме додатни мерки“, изјавила Меркел додавајќи дека веќе постоечките санкции би можело да се укинат само ако исчезнат поради причините за кои се воведени.
Агенцијата Ројтерс порано пренесе, повикувајки се на дипломатски извори, дека лидерите на земјите членки на Европската унија се договориле да се стави во мирување одлуката за продолжување на санкции за Русија, без разлика на мировниот договор кој беше постигнат во Минск.
Одлуката за проширување на европската „црна листа“, на која се наоѓаат руските и украинските функционери како и дзжавните фирми, за 19 лица и девет правни лица, донесено е пред три дена на самотот за надворешна политика на ЕУ, а мерките ќе стапат на сила во понеделник.
Без разлика на тоа што во Минск е постигнат договор за прекин на огнот, се очекуваше дека санкциите ќе бидат суспендирани, но од Ројтерс соопштија од два независни дипломатски извори дознале дека сепак санциите се донесени.
„Листата ќе биде објавена во понеделник, без разлика на Минск“, изјавија од агенцијата.
Засега не се знае индентитетот на луѓето кои ќе бидат опфатени со новите санкции, но Ројтерс изјави дека меѓу нив се 14 лидери на проруските сепаратисти и пет руски функционери на кои од понеделник ќе им биде забрането да патуваат во ЕУ, а имотот ќе им биде замрзнат.
